ЃОКОВИЌ ОСТАНА БЕЗ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ

    ЃОКОВИЌ ОСТАНА БЕЗ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛЃоковиќ сепак има шанса да освои медал во Токио, бидејќи денеска игра и во мечот за трето место во мешани двојки, со партнерката Нина Стојановиќ. (Фото: АТП)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дојде на Олимпијадата со освоени три од три гренд слема годинава, но од Токио се враќа без медал . Светскиот рекет број еден утринава загуби од Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6:4, 6:7, 6:3 во мечот за третото место.

    Ѓоковиќ делуваше нервозно и ги изгуби нервите во решавачкиот сет, па еднаш го фрли рекетот во трибините, а потоа и го скрши.

    Ѓоковиќ сепак имаше шанса да освои медал во Токио, бидејќи денеска требаше да игра и во мечот за трето место во мешани двојки, со партнерката Нина Стојановиќ, но се откажа од тој меч.

    Српскиот тенисер изненадувачки изгуби од Германецот Александер Зверев во вчерашното полуфинале, со што ги изгуби шансите да ги освои четирите гренд слема и олимписко злато во иста година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира