„ШАРЛИ ЕБДО“ ГИ ИСМЕА СУСПЕНДИРАНИТЕ РУСКИ СПОРТИСТИ, РУСИТЕ ГНЕВНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Москва,(Вокатив)

    „ШАРЛИ ЕБДО“ ГИ ИСМЕА СУСПЕНДИРАНИТЕ РУСКИ СПОРТИСТИ, РУСИТЕ ГНЕВНИ

    Повеќе од една третина од 387-те руски спортисти коишто требаше да учествуваат на Олимпијадата во Рио се суспендирани поради допинг и како одговор, казнетите атлетичари си организираа „алтернативни Олимписки игри“ во Москва, а претседателот Владимир Путин тврди дека неговата земја е жртва на политички заговор.
    И додека Русите првично реагираа на извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) со циничен хумор, една карикатура на познатиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ ги разгневи. Илустрацијата, која е релативно коректна за стандардите на францускиот магазин, покажува двајца набљудувачи како гледаат очигледно допингуван скокач во височина како полетува кон небото.
    „На руските спортисти им е забрането да се натпреваруваат на Олимписките игри“, стои во описот на карикатурата.
    „Треба да му кажеме на Сергеј да престане да тренира“, вели едниот гледач.
    „Кога ќе научи дека евентуално ќе падне на земја од толку високо?“, коментира другиот гледач.

    Илустрацијата е релативно коректна за стандардите на „Шарли Ебдо“

    Илустрацијата е релативно коректна за стандардите на „Шарли Ебдо“

    Во анкета за карикатурата на ВК, најголемата социјална мрежа во Русија, во која учествуваа над 56 илјади луѓе, повеќе од 41 илјада од нив ја оценија илустрацијата како „несмасна“. Реакциите, пак, на Твитер се очекувано остри и полни со навредливи зборови за сатиричниот магазин.
    Во ноември минатата година, карикатурата на „Шарли Ебдо“ за соборениот авион на „Метроџет“ во Египет, кога загинаа 224 луѓе, најмногу Руси, предизвика бес во Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари