БЕЗ ПРОБЛЕМИ ТЕЧЕ ГЛАСАЊЕТО ПРОТИВ ИЛИ ЗА РУДНИЦИ НА КОЖУФ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

    БЕЗ ПРОБЛЕМИ ТЕЧЕ ГЛАСАЊЕТО ПРОТИВ ИЛИ ЗА РУДНИЦИ НА КОЖУФ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ГЕВГЕЛИЈАЗа да биде успешен референдумот, до 19 часот на гласање треба да излезат 9.730 гевгеличани; - од гласањето утринава (Фото: СДК.МК)

    Референдумското изјаснување на гевгеличани за или против отварање рудници на планината Кожуф тече без никакви проблеми. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) Гордана Поп Кочева вели дека сите избирачки места утрово во седум часот навремено се отворени и граѓаните со право на глас се изјаснуваат по дефинираното рефендумското прашање: „Дали сте за или против давање дозвола за експлоатација на минералични суровини на територијата на Општина Гевгелија?“.

    Според Поп Кочева, заклучно до 10 часот на изјаснување излегле  точно 11 отсто од евиднтираните 19.458 грагани запишани во единствениот избирачки список, што е за 0,39 отсто помалку во однос на последните парламентарни избори  излезност до 10 часот.

    „До нас како ОИК нема пристигнато ниту една забелешка или реакција на процесот на референдумското изјаснување. Сите 37 избирачки места се отворени и до 10 часот на гласање излегле 11 отсто од запишаните граѓани во списокот“, вели Поп Кочева.

    Според информациите од гласачките места, одзивот на гевгеличани  до 11,30 часот на одделни места достигнува и до 25 отсто и засега нема пријавено нарушувања или притисоци на граѓаните. Ова го потврдуваат и од граѓанската организација Цивил, која со свои  наблудувачи го следи референдумот во Гевгелија.

    „Нема рекции досега. Според нашите сознанија, досега на гласање излегле над 2.500 гевгеличани“, вели Маја Ивановска од Цивил.

    Освен од Цивил, референдумското изјаснување во Гевгелија го следат околу 60 наблудувачи, а вчера гласаа затворениците и болните.

    „Добро е кога има можност да се слушне гласот на граѓаните по одредени прашања . Излеговме оти сметаме дека овој проект директно нѐ засега нас како жители на оваа општина. Со овој референдум се дава можност ние да одлучуваме“, коментираа граѓаните кои ги затекнавме на гласачките места.

    За да биде успешен референдумот, до 19 часот на гласање треба да излезат 9.730 гевгеличани.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира