„Битола не смее да стане Чернобил II“. Со вакви транспаренти граѓани од Битола излегоа на денешните протести пред новиот каменолом за ископ на гранит, што се гради на ридот Билбил Камен во близина на обиколницата над Битола. Тие се пожалија дека на само 800 метри од каменоломот има населба со жители, па стравуваат дека ќе се загади животната средина и ќе се зголемат респираторните заболувања.
„Бучавата веќе ни го наруши сонот. Чукаат од пет часот наутро, бараме општината да измери колку децибели е бучавата. Се крева и прашина. Ние неодамна тука пошумувавме, а сега сето тоа се руши“, изјави битолчанецот Цветко Неделковски.
На протестот излегоа и битолчани од околните населби.
„Тука сме за да ги заштитиме нашите деца, внуци, а и нас самите зашто сакаме да имаме чиста околина. Излеговме на 35 степени да протестираме за доброто на Битола. Живеам во населбата Ремо 1 и ние ќе бидиме најзагрозени зашто ќе бидеме првиот филтер на прашината кон Битола“, рече битолчанецот Панде Ѓоршевски.
Каменоломот веќе подолго веме ја бранува јавноста во Битола. За него и претходно реагираа еколошки здруженија и граѓани. Имаше и шпекулации дека рудата ќе содржи повеќе од 3 проценти силициум и ќе биде штетна за животната средина.
Фирмата „Стентон“, која води и други бизниси во Битола, а сега го гради каменоломот, концесијата ја има добиено на има добиено на 30 години. Од таму написмено одговорија дека здравејто и за нив е пред сѐ и над сѐ, па рудникот за експлоатација на минералана суровина гранит тврдат дека нема да има никакво штетно влијание врз здравјето на луѓето.
„Тоа е потврдено со соодветни испитувања . Договор за концесија од Министерството за економија доделен е врз основа на соодветена документација, како Договор за концесија за детални геолошки истраги, за експлоатација на минерална суровина, геолошки елаборат, Студија и решение за одобрување на студијата за влијанието врз животната средина одоброено од надлежното министерство, проект за заштита од води, сообраќајна согласност за приклучок на магистралниот пат Битола-Ресен и друго“, пишува во соопштението на „Стентон.“
Општина Битола пред неколку месеци преку Службата за односи со јавност соопшти дека нема никакви ингеренции врз рудникот. Сега од „Стентон“ објаснуваат дека токму со работата на каменоломот во општината каса ќе се инкасирааат 100.000 евра. Воедно посочуваат дека ќе се вработат 40 лица, а потоа и повеќе.