Климатолозите го нарекуваат Медитеранот „жариште“ затоа што, покрај зголемувањето на температурите, ќе биде меѓу ретките места на Земјата што ќе стане значително посувo но и потопло. Одговорот за ова е едноставен, дури и ако многумина упорно го негираат: климатските промени, предизвикани од човековата активност.
Ако сегашното загревање на планетата остане константно, ќе се појават поинтензивни и почести топлотни бранови.
Иако не постои универзално прифатлива дефиниција за топлотен бран, грчката Национална метеоролошка служба има една: најмалку три последователни дена со максимална температура над 39 степени Целзиусови и минимална температура над 26 степени Целзиусови.
Порано, во грчките лета, температурите, со мали исклучоци, го достигнуваа врвот на околу 33 степени Целзиусови, идеални за посетителите на плажа и други туристи, домашни и странски. Но, топлотните бранови стануваат сè почести од доцните 1950-ти и овој тренд се забрзува. Во Атина, пак, иако има помалку врнежливи денови, количеството на дождови се зголемува. Голем дел од дождот сега паѓа во силни ненадејни врнежи кои предизвикуваат поплави.
Интензитетот и времетраењето на топлотниот бран се зголемија во Атина во последните три децении. Најинтензивниот топлотен бран се случи во 1987 кога загинаа над 1.300 луѓе, и во 2007 и 2021 година.
Во најлошото сценарио претставено од Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени, Грција може да доживее, до средината на векот, најмалку четири дополнителни годишни епизоди на топлотен бран, при што делови од јужна Грција ќе поминат низ осум дополнителни епизоди. Атина не се очекува да доживее 50 Целзиусови степени пред крајот на векот; но тоа не значи удобни, па дури и толерантни услови.