МИНАТИОТ МЕСЕЦ БИЛ НАЈТОПОЛ НОЕМВРИ ВО ИСТОРИЈАТА, ЗАГРИЖУВАЧКИ СЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА АРКТИКОТ

    МИНАТИОТ МЕСЕЦ БИЛ НАЈТОПОЛ НОЕМВРИ ВО ИСТОРИЈАТА, ЗАГРИЖУВАЧКИ СЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА АРКТИКОТСАД е меѓу регионите кои регистрираа температури под просекот минатиот месец. (Фото: „Њујорк тајмс“)

    Европа ја помина најтоплата есен, со оглед на тоа дека минатиот месец бил најтопол ноември во историјата, стои во предупредувачкиот извештај на Сервисот за климатски промени Коперник на Европската Унија. Температурите беа најмногу покачени во големи подрачја во северна Европа, Сибир и Арктичкиот Океан, каде што мразот беше на второто најниско ниво досега забележано во ноември.

    САД, Јужна Америка, јужна Африка, Тибетскиот Регион, источниот дел на Антарктик и најголем дел од Австралија исто така регистрираа температури под просекот.

    На глобално ниво, просечната температура минатиот месец била 0.8 Целзиусови степени над просекот од 1981 до 2010, и 0.1 степен повисока од лани.

    „Овие резултати се во согласнст со долгорочниот тренд на затоплување на глобалната клима. Трендот е загрижувачки и треба да се обрне поголемо внимание на Арктикот и северен Сибир, каде нивото на морскиот мраз се доближува до најниската точка. Ноември беше исклучително топол месец и затоа политичарите треба да ги сфатат овие резултати како аларм“, изјави Карло Буонтемпо, директор на Сервисот за климатски промени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира