КОНЦЕСИОНЕРОТ НА КАМЕНОЛОМОТ НАД БИТОЛА Е ИСТАТА ФИРМА ШТО СТОПАНИСУВА СО ПАРКИНИЗИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОНЦЕСИОНЕРОТ НА КАМЕНОЛОМОТ НАД БИТОЛА Е ИСТАТА ФИРМА ШТО СТОПАНИСУВА СО ПАРКИНИЗИТЕ

    Битолчанецот Благој Крстевски кој под концесија на 30 години го доби ридот над Битола за да копа гранит,  е истиот бизнисмен кој преку неговата фирма „Стентон“ се јавува како изведувач на поголемите проекти  иницирани од  локалната власт во Битола.

    Против концесијата на ридот Билбил Камен во саботата беше организиран протест затоа што  ископот е на 800 метри над градот и граѓаните се плашат од загадување. Тие бараат да ги видат документите колкаво ќе биде загадувањето и присуството на кварц. Од фирмата одговорија дека нема да и штетат на животната средина за што добиле и одобрување за копање од ресорното министерство.

    Основната дејност на „Стентон“ е ископ и сепарација на камен и песок. Но, освен на рудникот  фирмата е концесионер и на  градските паркинзи, проект на Општина Битола, со кој се исцртаа паркинг зони на многу места во градот. На проектот  кој е јавно приватно партнерство потписите пред три години ги ставија градоначалникот на Битола,  Владимир Талески и управителот на „Стентон“  Благој Крстевски. Тој ја доби концесијата на 6 години , по што  низ градот се обележаа  1900 паркинг места, а паркирањето во зависност од зоната во времетраење од два часа се напалаќа по 30 или 20 денари. „Стентон“ пак годишно на општината и плаќа  по 1,7 милиони денари.

    По сепарациите, ископите и паркинзите, фирмата на Крстевски  учествуваше и во чистењето на коритото на река Црна по големите поплави во Битолско. За оваа акција според најавите беа издвоени 500.000 евра од програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, а и секоја општина од Пелагонија учествуваше со 30.000 евра.

    Оваа фирма го правеше и кружниот тек кај Црн Мост за чија изградба беа издвоени 36 милиони денари од локалниот буџет.

    Освен во општина Битола „Стентон“ добива работа  и во околните општини како на пример во Кривогаштани каде ќе гради модерен плоштад.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари