ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА НЕ ГО ИГНОРИРААТ ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ, ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА НЕ ГО ИГНОРИРААТ ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ, ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    Политичарите треба да решат дека справување на проблемот со отпадот во Македонија е приоритет и да го поддржат Министерството за животна средина и останатите институции и организации во нивните напори да се обезбеди соодветен третман и селекција на отпадот.
    Ова денес го порача заменик амбасадорот на Кралството Велика Британија Пол Едвардс, на презентација на твининг проектот за зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина за спроведување на директивата за отпад, кој е финансиран од Европската Унија.
    „Сите оние што ја сакаат Македонија и нејзините убавини да ги повикаат политичарите, по формирање на новата Влада, да се обврзат дека нема да го игнорираат овој проблем, туку напротив дека тој ќе биде приоритет. Тоа треба да се направи и тоа може да се направи“, рече британскиот заменик амбасадор Едвардс.
    Според него не е доволно да се зајакнат само административните капацитети на надлежните институции за практично да се применат европските директиви за третман на отпадот, туку треба да се влијае и на свеста на граѓаните, како и на свеста на политичарите.
    „Во октомври годинава четири дена бев во Северна Македонија, во Куманово, во Кокино. Природата беше преубава. Но на секаде каде и да појдев за тоа четири дена, имаше расфрално ѓубре, кое ја расипува убавата глетка на преубавата природа“, рече Едвардс.
    Твининг проектот за зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и останатите надлежни институции почна во септември годинава и ѓе трае до јуни 2018 година. За негова реализација ЕУ издвои 1,1 милион евра, а практичната обука на македонската администрација ќе ја вршат експерти од Велика Британија и Шпанија.
    Мауро ди Вероли, од делегацијата на Европската унија во земјава, рече дека преку ИПА фондовите на Унијата шест региони од Македонија досега добиле 1,5 милиони евра за подготовка на планска документација за изградба на регионални депонии за третман на отпадот, и дека преку ИПА фондовите помошта ќе се дополни со 30 милиони евра за изградба на депониите.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира