ВО КАВАДАРЦИ НЕ СЕ ДИШЕ ОТИ РАКИЈА СЕ ПЕЧЕ СО ГОРЕЊЕ ГУМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО КАВАДАРЦИ НЕ СЕ ДИШЕ ОТИ РАКИЈА СЕ ПЕЧЕ СО ГОРЕЊЕ ГУМА

    Во Кавадарци синоќа не се дишеше. Воздухот лути на очите и гуши на грлото, а жителите велат дека почувствувале мирис од чад на гума. Дека ситуацијата со загадувањето во градот е алармантна, покажуваат и  мерењата на воздухот. Вчера во 16 часот, “Мој воздух” измери 88 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, а веќе во 18 часот присуството на овие честички беше 339 микрограми на кубен метар. Дека индексот на загадување е висок, стои и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Реагираат и од еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци, кои нагласуваат дека ситуацијата е страшна.

    „Или ќе измутираме, или ќе изумреме“, коментираат еколозите.

    Но, ниту општинската власт ниту еколошките инспекции не знаат од што мистериозно така наеднаш се зголемило присуството на ПМ 10 честичките во воздухот, кое се менува од час во час, но е најголемо попладне и навечер, а е неколку пати повеќе од дозволеното.

    Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов потврди дека загадувањето во овој период беше најголемо вчера, недела, кога според него, скоро сите индустриски капацитети не функционираат.

    „Ако ‘Фени’ функционира во недела, тоа го прави со намален капацитет, затоа што едната печка сѐ уште мислам дека не им е во употреба. Така што, лоцирањето на загадувачите е тука во градот. Тоа се меѓу другото и луѓето кои варат ракија, тоа беше очекувано оваа година, затоа што имаше големи количини на грозје кои беа оставени за домашна преработка. Контролите во поглед на тоа дали се горат јаглен, гума и други материјали кои би можело да ги користат претежно механичарски работилници, технички прегледи и слично, кои можеби користат масло, се континуирани. Тие контроли покажаа дека таквите субјекти во градот горат палети и слични поеколошки работи, а не загадувачки материи. Во недела, исто така, сите луѓе се претежно дома и се греат на дрва, јаглен и слично. Мислам дека е тоа еден од  основните причинители за енормното загадување. Нормално, најосновен причинител е заплатот, периодот на годината кога немаме движење на воздухот и кога сѐ што се гори, останува тука во котлината“, вели градоначалникот Панов.

    Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов најавува дека Општината ќе субвенционира од пет до дваесет илјади денари, за секого што ќе го замени механизмот при варење ракија и ќе го трансформира од тврдо и течно гориво во гас (Фото: СДК.МК)

    Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов најавува дека Општината ќе субвенционира од пет до дваесет илјади денари, за секого што ќе го замени механизмот при варење ракија и ќе го трансформира од тврдо и течно гориво во гас (Фото: СДК.МК)

    Локалната самоуправа веќе подготвила оддлука која треба да помине на наредната седница на Советот на Општина Кавадарци. Ќе се субвенционира од пет до дваесет илјади денари, секој што ќе го замени механизмот при варење ракија и ќе го трансформира од тврдо и течно гориво во гас. Субвенционирањето ќе зависи од  големината на казаните за печење ракија кои можат да бидат од сто до петстотини  литри. Најголемата сума која ќе може да се добие ќе се утврди на седницата. Засега не може да се каже колку средства од општинскиот буџет ќе бидат издвоени за ова, тоа ќе зависи од бројот на поднесени барања од страна на оние кои варат ракија.

    „Морам да нагласам дека тоа е наша најголема мерка против загадувањето, ценејќи дека тоа е еден од најголемите загадувачи во овој период. Сите заинтересирани ќе треба прво да инсталираат на своите казани механизам на плин, па да достават фактура. Потоа ќе следи увид од комисија, која ќе дозволи субвенционирање. До максимален износ ќе ја надоместиме оваа нова инвестиција“, вели Панов.

    За наредната година, со  буџетот се  планира инсталирање на еко билборд, најавите се дека тој  во значителна мера ги апсорбира ПМ 10 честичките.

    „Во договор сме со Јавното претпријатие ‘Комуналец’ на сите булевари, особено на влезовите во градот, да се посадат неколкугодишни садници како едни од  најголемите  апсорбирачи на тие честички, како една најтрајна борба против загадувањето. Во рамките на сите овие наши напори за намалување на загаденоста и нејзино регулирање, останува континуираниот апел до граѓаните да се воздржат од користење пластики, гуми, масло, јаглен и сѐ друго што енормно би го зголемило количеството на ПМ 10 честичките во воздухот и загаденоста на амбинеталниот воздух воопшто“, вели Панов.

    Дека индексот на загадување е висок, стои и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање

    Дека индексот на загадување е висок, стои и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање

    Кавадарци има мерна станица, но градоначалникот тврди дека е на многу лоша позиција, на самиот пат кај што минуваат автомобили и камиони кои ги има многу. Единствено во Кавадарци  се дава максималниот износ на загадување, а не просечниот.

    Панов вели дека и покрај апелите од лани, во градот сѐ уште има семејства кои се греат на јаглен, а нема законска можност тие да бидат казнети, бидејќи јагленот сѐ уште е дозволено средство за загревање. Тој вели дека можеби ќе може да се почне со казнување ако сме смени законот.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира