130 НАВИВАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ПО ФУДБАЛСКИОТ МЕЧ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРТИЗАН ВО БЕЛГРАД

    130 НАВИВАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ПО ФУДБАЛСКИОТ МЕЧ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРТИЗАН ВО БЕЛГРАДТепачката меѓу навивачите настанала во кафуле по прославата на 32. титула на Црвена звезда. (Фото: РАС Србија)

    Сто и триесет навивачи, од кои 17 малолетни, приведе синоќа српската полиција, по нередите кои се случија во близина на „Бетон хала“ во Белград, по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Црвена звезда и Партизан, соопшти министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

    Тепачката меѓу навивачите настанала во кафуле по прославата на 32. титула на Црвена звезда. Според последните информации од српските медиуми, едно лице е потешко повредено.

    „Сите се предадени на надлежните обвинители и понатаму тие ќе одлучуваат за квалификација на стореното дело“, кажа Вулин.

    „Белград е безбеден град, секој граѓанин е безбеден и заштитен. Министерството за внатрешни работи нема да дозволи најлошите да владеат со градот“, додаде Вулин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира