15-ГОДИШНАТА ГОФ ЈА ЕЛИМИНИРАШЕ ВЕНУС ВИЛИЈАМС НА ВИМБЛДОН

    15-ГОДИШНАТА ГОФ ЈА ЕЛИМИНИРАШЕ ВЕНУС ВИЛИЈАМС НА ВИМБЛДОН15-годишната Кори Гоф ја победи петкратната шампионка на Вимбдлон Венус Вилијамс со 6:4, 6:4 за еден час и 19 минути. (Фото: АП)

    Таа не беше родена кога Венус Вилијамс веќе имаше освоено четири гренд слем турнири, но 15-годишната Американка Кори Гоф ја елиминираше петкратната шампионка на Вимблдон на нејзиното деби на гренд слемот.

    Гоф е најмладата тенисерка во историјата на Отворената ера што од квалификации стигнала до главната ждрепка на Вимблдон, но тоа не ѝ беше доволно и ја победи 39-годишната Вилијамс со 6:4, 6:4 во првото коло.

    „Не знам како да се чувствувам, ова ми е првпат да плачам по натпревар, по победа“, изјави Гоф по мечот со Вилијамс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира