АФРИКАНЦИТЕ ГО ОКУПИРАА ПОДИУМОТ НА 15. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН, НОВ ДРЖАВЕН РЕКОРД НА ПОП АРСОВА

    АФРИКАНЦИТЕ ГО ОКУПИРАА ПОДИУМОТ НА 15. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН, НОВ ДРЖАВЕН РЕКОРД НА ПОП АРСОВАЕтиопјанецот Чалачев Асмамау Тирунех заврши на носилки по победата на маратонот (Фото: К. Попов)

    Африканските тркачи доминираа и на 15. издание на Виз ер Скопски маратон, освојувајќи ги првите три места и во машка и во женска конкуренција. Од нив, дури четири доаѓаат од Кенија, а голем успех оствари и Адријана Поп Арсова, која постави нов државен рекорд.

    Чалачев Асмамау Тирунех од Етиопија е победникот на годинашниот маратон, откако стигна на целта за 2:15:37 часа, а на подиумот му се придружија Кениецот Корир и сонародникот Гелав.

    Најдобропласиран домашен маратонец, исто како и лани, е Александар Кираџиев, кој имаше време од 2:37:41 час, што беше доволно за шестото место. Во првите десетмина имаше уште еден домашен тркач, Марјан Бонев на деветтото место.

    Јунис Нјавара Мучири го предводеше тројниот триумф на Кенијките (Фото: К. Попов)

    Кај жените, троен триумф на Кенијките. Најбрза меѓу нив беше Јунис Нјавара Мучири со време од 2:33:38 часови, а зад неа се пласираа Јулитер Џепчирчир Тануи и Наоми Какоко Лимамуреи.

    Поп Арсова заврши на седмото место, и тоа со време на нов државен рекорд од два часа, 52 минути и 52 секунди.

    На полумаратонските трки, Унгарката Зита Качер (1:22:53) славеше пред Македонката Миљана Ристиќ (1:27:09), а кај мажите триумфираше Дарио Ивановски од Македонија со време од 1:12:31 час.

    На годинашниот Виз ер Скопски маратон имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои 1.500 странци од 58 држави.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари