АЛЕГРИ ЈА НАПУШТА КЛУПАТА НА ЈУВЕНТУС

    АЛЕГРИ ЈА НАПУШТА КЛУПАТА НА ЈУВЕНТУСМасимилијано Алегри го водеше Јуве пет години и освои исто толку титули во Серија А (Фото: АП)

    Масимилијано Алегри ќе ја напушти клупата на Јувентус на крајот на сезоната, откако освои пет шампионски титули.

    „Масимилијано Алегри нема да биде тренер на Јувентус од сезоната 2019/20. Повеќе информации ќе бидат кажани на утрешната прес-конференција“, објави клубот на својата интернет страница.

    По четири сезони во Милан, Алегри го презеде Јувентус во 2014 година и потоа го предводеше клубот до пет едноподруго титули во Серија А, но изостана посакуваниот успех во Лигата на шампионите. Јуве двапати играше финале за тој период, а годинава сензационално беше елиминиран од Ајакс во четвртфиналето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира