АМБАСАДОРИТЕ НА ХРВАТСКА И ФРАНЦИЈА ВО СКОПЈЕ ЗАЕДНО ГО СЛЕДАТ ФИНАЛЕТО ВО МОСКВА

    АМБАСАДОРИТЕ НА ХРВАТСКА И ФРАНЦИЈА ВО СКОПЈЕ ЗАЕДНО ГО СЛЕДАТ ФИНАЛЕТО ВО МОСКВАФиналето во Москва на неутрален терен во Скопје го гледаат францускиот и хрватскиот амбасадор. (Фото: СДК.МК)

    Хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние заедно го следат во Скопје натпреварот на нивните репрезентации во финалето на Светското првенство во Москва.

    Гости на двајцата амбасадори во скопското кафуле се министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, како и вицепремиерот Бујар Османи.

    Засега, повеќе причини за задоволство има францускиот амбасадор Тимоние, бидејќи на полувремето од мечот во Москва водство од 2:1 има неговата репрезентација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира