АНГЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ИСТРАЖУВА ЗАКАНИТЕ КОН ЕЗЃАН АЛИОСКИ ОТКАКО БЕШЕ УДРЕН ОД ИГРАЧ НА АРСЕНАЛ

    АНГЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ИСТРАЖУВА ЗАКАНИТЕ КОН ЕЗЃАН АЛИОСКИ ОТКАКО БЕШЕ УДРЕН ОД ИГРАЧ НА АРСЕНАЛАлиоски со глава беше удрен од Никола Пепе, по што театрално падна (Фото: ПА)

    Лидс и Арсенал ги осудија заканите и расистичките навреди што македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски и Французинот Никола Пепе ги добија преку социјалните мрежи откако двајцата играчи се судрија на вчерашниот натпревар од англиската Премиерлига.

    Пепе доби црвен картон откако со глава го удри Алиоски, кој го потенцираше инцидентот со својот драматичен пад, што следуваше по серија нивни меѓусебни провокации за врема на средбата.

    Двајцата играчи оттогаш се цел на напади и закани на социјалните мрежи, а дел од нив се насочени и кон семејството на Алиоски. Нивните клубови кажаа дека соработуваат со полицијата, со цел да се откријат и казнат оние што ги испратија заканувачките пораки.

    „Подлото малтретирање на Пепе и Алиоски на социјалните мрежи нема да биде толерирано од Лидс. Ќе соработуваме со полицијата и со фудбалските власти за да се идентификуваат и казнат оние кои се одговорни за тоа“, соопшти тимот на Алиоски, а во сличен тон реагираше и Арсенал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира