Семејството на Диего Армандо Марадона се надева дека ќе успее да го погреба денеска, додека натажените Аргентинци цел ден поминуваат покрај ковчегот со неговото тело, изложен во претседателската палата во центарот на Буенос Аирес.
Марадона почина вчера на 60 години од срцев удар и претседателот Фернандес прогласи три дена национална жалост. Се очекува милион луѓе да поминат низ Каса Росада, додека семејството на Марадона планира вечерва да го погреба на гробиштата во околината на Буенос Аирес, каде што почиваат неговите родители. Сепак, постои можност погребот да биде одложен за утре претпладне.
Марадона зад себе остави пет деца, вклучувајќи две ќерки од 20-годишниот брак со Клаудија Вилафане, од која се разведе во 2004 година.
Вечерва во 22 часот по локално време, сите стадиони во Аргентина ќе ги вклучат светлата во чест на Марадона, кој во Аргентина ужива статус на божество.