АРНЕ СЛОТ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈИРГЕН КЛОП ОТКАКО ЛИВЕРПУЛ СЕ ДОГОВОРИ СО ФЕЕНОРД ЗА ОТШТЕТАТА

    АРНЕ СЛОТ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈИРГЕН КЛОП ОТКАКО ЛИВЕРПУЛ СЕ ДОГОВОРИ СО ФЕЕНОРД ЗА ОТШТЕТАТАХоланѓанецот Слот јавно кажа дека сака да го замени Јирген Клоп пред натпреварот со Го Ахед Иглс во четвртокот. (Фото: Феенорд)

    Арне Слот ќе стане нов тренер на Ливерпул, откако англискиот фудбалски клуб ги договори условите за неговиот трансфер од Феенорд.

    Ливерпул и Феенорд преговараа околу компензацијата неделава и двете страни постигнаа вербален договор холандскиот клуб да добие 9 милиони евра за да го ослободи тренерот кој има уште две години од договорот.

    Холанѓанецот Слот јавно кажа дека сака да го замени Јирген Клоп пред натпреварот со Го Ахед Иглс во четвртокот.

    Во јануари, Јирген Клоп ги изненади Ливерпул и фудбалскиот свет со објавата дека ќе ја напушти клупата на „црвените“ на крајот на сезоната. Педесет и шестгодишниот германски стручњак изјави дека почнал да губи енергија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира