БАРСЕЛОНА Е ЗА НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈА, НО САКА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ВО ШПАНСКАТА ЛИГА

    БАРСЕЛОНА Е ЗА НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈА, НО САКА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ВО ШПАНСКАТА ЛИГАНикој не може да го замисли шпанското фудбалско првенство без бренд како Барселона (Фото: Гети)

    Фудбалскиот клуб Барселона беше сѐ само не неутрален набљудувач по прашањето на независноста на Каталонија во изминатите години.

    Клубот јасно се стави на страната на движењето кое подготвува референдум за отцепување од Шпанија на 1 октомври, што беше прогласен за незаконски од централната власт во Мадрид.

    Тоа веќе долго време го повлекува прашањето дали шпанското првенство ќе остане без еден од своите најпрестижни клубови. И што е со фановите низ целиот свет, кои со тоа би останале без најголемото европско фудбалско дерби, Ел Класико.

    „Јас не можам да ја замислам Ла Лига без Барселона, едноставно не можам како фан на фудбалот“, вели тренерот на лутиот ривал Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

    Во ФК Барселона инсистираат дека тие не се политичари, ниту, пак, имаат идеја во која лига би се натпреварувале доколку Каталонија стане независна, иако во 2014 година и пристапија на политичката платформа која се залага за распишување референдум.

    Во средата, кога беа уапсени неколку каталонски политичари, Барселона ја даде својата најполитичка изјава досега, во којашто побара да се почитуваат демократијата, слободата на говорот и правото на самоопределување.

    „Барселона нема да може да избира во која лига ќе игра ако Каталонија прогласи независност“, дециден е претседателот на Шпанското фудбалско првенство, Хавиер Тебас.

    Од клубот велат дека нема да има официјално соопштение по ова прашање доколку на 1 октомври каталонскиот народ изгласа отцепување од Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира