БАРСЕЛОНА ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ВАЛВЕРДЕ И ГО ЗАМЕНИ СО КИКЕ СЕТИЕН

    БАРСЕЛОНА ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ВАЛВЕРДЕ И ГО ЗАМЕНИ СО КИКЕ СЕТИЕНСетиен потпиша две и полгодишен договор и го презема клубот од Валверде кога е лидер на табелата (Фото: Гети)

    Барселона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и на негово место го назначи бившиот тренер на Бетис, Кике Сетиен.

    Под водство на 55-годишниот Валверде, Барселона освои две шампионски титули и моментално е лидер во првенството, но и често играше неубедливо.

    Сетиен (61), кој го напушти Бетис во мај, се согласи да потпише две и полгодишен договор со Барселона и денеска и официјално ќе биде претставен.

    Валверде беше под голем притисок по ланската незамислива елиминација од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите и поразот од Валенсија во финалето на Кралскиот куп.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари