БЕКЕР СЕ ОТКАЖА ОД ДИПЛОМАТСКИОТ ИМУНИТЕТ И ОСТАНУВА ВО БАНКРОТ

    БЕКЕР СЕ ОТКАЖА ОД ДИПЛОМАТСКИОТ ИМУНИТЕТ И ОСТАНУВА ВО БАНКРОТБорис Бекер е аташе за спорт и култура на Централноафриканската Република во Европската Унија (Фото: Гети)

    Тениската легенда Борис Бекер објави дека веќе нема да се повикува на дипломатски имунитет, што би му помогнало да се спаси од банкрот. Трикратниот освојувач на Вимблдон е дипломат на Централноафриканската Република, што, според него, го штити од сите правни случаи.

    Тој прогласи банкрот минатата година поради големи долгови кон банката „Арбутнот латам“, за потоа да биде притиснат за дополнителни побарувања.

    По сослушувањето во Лондон, Бекер се откажа од својот случај, со што неговиот банкрот е продолжен на неодредено време. Ова значи дека ќе се одржи планираната аукција на негови трофеи и други лични предмети, што ги вклучува златниот олимписки медал од 1992 година и тениска опрема. Се очекува тие да се продадат за вкупна цена од 200.000 фунти.

    Централноафриканската Република, една од најсиромашните држави на светот, во април го назначи Бекер за свој аташе за спорт и култура во Европската Унија.

    „Немам друг избор освен да се откажам од повикувањето на дипломатски имунитет. Не сум во позиција финансиски да го водам случајот“, кажа Бекер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира