БИВШАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА НИКОЛИЌ ПОЧИНА НЕНАДЕЈНО НА 38 ГОДИНИ

    БИВШАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА НИКОЛИЌ ПОЧИНА НЕНАДЕЈНО НА 38 ГОДИНИНиколиќ играше за Македонија на неколку големи натпреварувања (Фото: ЕХФ)

    Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Николиќ почина синоќа ненадејно на 38 години.

    Украинка по потекло, Николиќ (тогаш Портјанко) пристигна во Скопје во 2003 година и набргу стана еден од омилените ликови во македонскиот женски ракомет. По пробниот период во Еуростандард ЃП, премина во Кометал Ѓорче Петров и таму се задржа до 2009 година.

    Ракометната федерација на Македонија не сакаше да испушти играч со такви квалитети и карактер, па Николиќ доби македонско државјанство. Од репрезентацијата се прости на Европското првенство во Србија во 2012.

    По распадот на славниот тим на ѓорчепетровки, Николиќ играше во Турција, Франција и Русија, по што се врати во Македонија и го облече дресот на Вардар. Играчката кариера ја заврши во 2015, по што остана да живее во Македонија, без да се ангажира во ракометот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира