БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ МОЖЕ ДА ПРОГЛАСИ ПРАЗНИК АКО АНГЛИЈА ГО ОСВОИ МУНДИЈАЛОТ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ МОЖЕ ДА ПРОГЛАСИ ПРАЗНИК АКО АНГЛИЈА ГО ОСВОИ МУНДИЈАЛОТПетицијата да се прогласи празник в понеделник досега собрала 200.000 потписи (Фото: Ројтерс)

    Британскиот парламент би можел да прогласи празник доколку Англија в недела слави во финалето на Светското првенство во Русија, откако 200.000 луѓе се потпишаа на ваква петиција.

    Петицијата го помина потребниот праг по ова прашање да се дискутира во парламентот, што значи дека владата може да прогласи неработен ден в понеделник, ден по финалето во Москва.

    „Ова им треба на сите кои ја поддржуваат англиската репрезентација, бидејќи наредниот ден, нема да им биде пријатно на сите кои ќе слават“, вели организаторот на петицијата, Лијам Бетсон.

    Англија вечерва против Хрватска го игра своето прво полуфинале на светските првенства од 1990 година, во обид да стигне до првото финале по триумфалната 1966 година.

    И лидерот на лабуристите Џереми Корбин претходно ја повика владата да прогласи празник доколку Англија ја освои светската титула. Ова доаѓа откако супермаркетите проценија дека овој викенд би можеле да продадат 50 милиони пива.

    „Ова е ретка комбинација на топло медитеранско време на островот и голем успех на Англија на светско првенство“, изјави менаџерот на продажба на „Теско“, Сонија Морланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира