БРИТАНЦИТЕ ТРОШАТ ПОВЕЌЕ НА ПИВО И СКАРА ЗА ВРЕМЕ НА МУНДИЈАЛОТ, НО НЕ КАКО ПОРАНО

    БРИТАНЦИТЕ ТРОШАТ ПОВЕЌЕ НА ПИВО И СКАРА ЗА ВРЕМЕ НА МУНДИЈАЛОТ, НО НЕ КАКО ПОРАНОДоброто расположение не е доволен фактор да се троши повеќе (Фото: Ројтерс)

    Светското првенство во Русија придонесе Британците да трошат повеќе на пиво, скара и големи телевизори во јуни, но вкупниот пораст на продажбата е, сепак, забавен, укажувајќи на тоа дека голем број од нив остануваат претпазливи околу трошењето, покажа едно истражување.

    Вкупната продажба на мало се зголеми за 2,3 проценти во споредба со јуни минатата година, соопшти Британскиот конзорциум на трговците, но тоа, сепак, не е рекорд оваа година.

    Најголемиот пораст на продажба бил забележан во мај, од 4,1%, кога зголемената возбуда од почетокот на Светското првенство придонесе Британците повеќе да купуваат одредени производи.

    „Реалноста е дека продажбата не се зголемува само врз основа на доброто расположение. Во услови кога домашните трошоци побавно растат од инфлација, условите за трговците и за купувачите остануваат тешки“, вели извршната директорка на Конзорциумот, Хелен Дикинсон.

    Потрошувачката во пабови и ресторани пораснала за десет проценти во јуни, но во супермаркетите тоа било само 0,8%, што е најслаб раст во последните 15 месеци. Четири од десет британски купувачи велат дека остануваат претпазливи во трошењето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира