БУНДЕСЛИГАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПРОДОЛЖИ НА 9 МАЈ, ОБЈАВИЈА ОД ВЛАДАТА

    БУНДЕСЛИГАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПРОДОЛЖИ НА 9 МАЈ, ОБЈАВИЈА ОД ВЛАДАТАСтадионите во Германија се празни повеќе од еден месец (Фото: ДПА)

    Фудбалската сезона во Германија би можела да продолжи на 9 мај, при што мечевите би се играле без присуство на публика и под строги хигиенски мерки.

    Ова го потврдија министерот за здравство Јенс Шпан и премиерите на сојузните држави Баварија и Северна Рајна-Вестфалија, кои предложија Бундеслигата да продолжи на 9 мај.

    „Викенд со фудбал е далеку поподнослив од викенд без фудбал“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер.

    Тој кажа дека претходно ќе биде консултиран институтот „Роберт Кох“, но министерот за здравство Шпан се согласи дека концептот на играње зад затворени врати е можен во блиска иднина.

    „Клучно ќе биде ризикот од зараза да биде минимизиран. Дури и ако од 9 мај се игра во празни стадиони, ова парче нормалност ќе биде добредојдено за милиони фудбалски фанови“, изјави Шпан.

    За ова ќе се дискутира на состанокот на клубовите со челниците на лигата в четврток.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари