ЧЕЛЗИ ГО ПУШТА КУРТОА ВО РЕАЛ МАДРИД И ГО КУПИ ШПАНЕЦОТ КЕПА ЗА СВЕТСКИ РЕКОРД ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЧЕЛЗИ ГО ПУШТА КУРТОА ВО РЕАЛ МАДРИД И ГО КУПИ ШПАНЕЦОТ КЕПА ЗА СВЕТСКИ РЕКОРД ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРАПо само неколку недели го урна рекордот на Алисон Бекер. - Кепа Арисабалага (Фото: ЕПА)

    Челзи ќе го направи младиот Шпанец Кепа Арисабалага најскап голман на сите времиња, наоѓајќи во него замена за Тибо Куртоа, кој веќе два дена не се појавува на тренинзите во Лондон и се очекува да потпише за Реал Мадрид.

    Дваесет и тригодишниот Арисабалага, кој беше втор голман на Шпанија на неодамнешното Светско првенство во Русија, доаѓа од редовите на Атлетик Билбао, кој за него ќе добие 80 милиони евра, што е нов светски рекорд за голман. Пред неполн месец, Бразилецот Алисон Бекер премина од Рома во Ливерпул за 72,5 милиони евра.

    Кепа во јануари беше на чекор до премин во Реал Мадрид и дури ги помина лекарските прегледи, пред тренерот Зидан да го стопира овој трансфер.

    Куртоа требаше вчера да се врати во Челзи по летниот одмор, но тренерот Сари изјави дека е подготвен за негово заминување во Реал Мадрид. Белгиецот помина три сезони во дресот на Атлетико, а во Мадрид живеат и неговите две деца.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари