ДИЕГО БЕШЕ НАЈЧОВЕЧКИ МЕЃУ СИТЕ БОГОВИ – АРГЕНТИНА И НЕАПОЛ МУ ОДДАВААТ ПОЧИТ НА МАРАДОНА

    ДИЕГО БЕШЕ НАЈЧОВЕЧКИ МЕЃУ СИТЕ БОГОВИ – АРГЕНТИНА И НЕАПОЛ МУ ОДДАВААТ ПОЧИТ НА МАРАДОНАТатко и ќерка тагуваат по Марадона пред Обелискот во центарот на Буенос Аирес (Фото: АФП)

    Три дена национална жалост почнаа во Аргентина во чест на Диего Армандо Марадона, кој почина вчера на 60 години од срцев удар. За тоа време, неговото тело ќе биде изложено во Каза Росада, седиштето на аргентинската влада, каде што од утрово се собираат луѓе за да му оддадат почит.

    „Да се биде Диего Марадона беше неверојатно убаво. Денешните фудбалски суперѕвезди како Лео Меси и Кристијано Роналдо може само да сонуваат да бидат толку обожувани. Тој беше феномен. Од друга страна, воопшто не беше лесно да се биде Марадона. Тој немаше нормално детство, немаше нормални тинејџерски години. Сите сакаа да бидат со него, сите сакаа делче од него“, изјави поранешниот аргентински репрезентативец Оси Ардилес.

    Стотици жители на Неапол излегоа на улиците откако се дозна за смртта на Марадона (Фото: АП)

    По Марадона тагуваат и на другиот крај на светот. Во Неапол денеска исто така е ден на жалост. Своите најдобри години во клупскиот фудбал Марадона ги имаше во Наполи, клубот кој до неговото доаѓање во 1984 немаше позначајни успеси.

    Вечерва умре делче од Неапол. Тој беше најчовечки од сите богови“, изјави Антонио Еспозито, стоејќи пред шестметарски мурал на Марадона.

    Стотици жители на Неапол излегоа на улиците откако се дозна за смртта на Марадона, кој во овој дел на Италија ужива статус на божество. Марадона помина седум години во Наполи, кој за тој период ги освои своите две единствени шампионски титули.

    Телото на Марадона три дена ќе биде изложено во седиштето на аргентинската влада, каде што луѓето ќе му оддаваат почит

    Во тоа време се чувствувавме непобедливо“, изјави друг жител на Неапол.

    Доаѓањето на Марадона во Наполи беше светска сензација, но овој трансфер го плати и со зависноста од кокаин.

    Кога бев на терен, моите проблеми исчезнуваа“, изјави Марадона своевремено.

    Тој буквално мораше да избега од градот во 1991 година, кога доби 15-месечна суспензија поради користење кокаин. Уште поголем срам доживеа три години подоцна, кога беше исфрлен од Светското првенство во САД поради позитивен тест на ефедрин. Кариерата ја заврши во Бока џуниорс во 1997 година по уште еден позитивен допинг-тест. Неговото здравје потоа почна драстично да се нарушува.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира