ДИСТРИЈА КРАСНИЌИ МУ ГО ДОНЕСЕ НА КОСОВО ВТОРОТО ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО ЏУДО

    ДИСТРИЈА КРАСНИЌИ МУ ГО ДОНЕСЕ НА КОСОВО ВТОРОТО ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО ЏУДОКрасниќи оваа година стана европска првенка

    Втора олимпијада по ред, Косово има олимписка шампионка во џудо. Дистрија Красниќи освои златен медал во категоријата до 48 килограми на Олимписките игри во Токио, откако во финалето ја совлада домашната џудистка Фуна Тонаки. Бронзата им припадна на Дарија Билодид од Украина и Урантсетсег Мункбат од Монголија.

    „Се чувствувам како да ми олесна, затоа што со ова си го остварив детскиот сон“, изјави 25-годишната Красниќи.

    Таа оди по стапките на Мајлинда Келменди, која во 2016 во Рио де Жанеиро освои злато во истиот спорт, две години откако Косово стана член на Меѓународниот олимписки комитет.

    Красниќи, која е родена во Пеќ, оваа година стана европска првенка во Лисабон, а пред две години освои бронза на Светското првенство во Токио.

    Косово учествува со 11 спортисти на ОИ во Токио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира