ДОМИНИК ТИМ ГО ОСВОИ ЈУ-ЕС ОПЕН ПО НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕСВРТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 71 ГОДИНА

    ДОМИНИК ТИМ ГО ОСВОИ ЈУ-ЕС ОПЕН ПО НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕСВРТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 71 ГОДИНАТим досега трипати губеше во финалето на гренд слем турнирите и беше на прагот на уште еден пораз (Фото: АП)

    Доминик Тим влезе во клубот на освојувачи на гренд слем титула откако со историски пресврт го совлада Александер Зверев со 3:2 во финалето на Ју-Ес опен.

    Дваесет и седумгодишниот Австриец досега трипати губеше во финалето на гренд слем турнирите и се чинеше дека е на прагот на уште еден пораз откако Зверев ги доби првите два сета со 6:2, 6:4 и во третиот сервираше за победа. Тим ги доби следните три сета со 6:4, 6:3, 7:6, правејќи го најголемиот пресврт во финалето на Ју-Ес опен во последните 71 година и победата на Панчо Гонсалес.

    „Би сакал денеска да имаше двајца победници, двајцата заслуживме да победиме“, изјави Тим.

    Тој стана прв нов освојувач на гренд слем титула од триумфот на Марин Чилиќ на Ју-Ес опен во 2014 година, искористувајќи ги отсуството на Роже Федерер и Рафаел Надал и претходната суспензија на фаворитот Новак Ѓоковиќ. Надвор од големата тројка, гренд слем титула во меѓувреме освои само уште Станислас Вавринка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари