ДВАЈЦА СПОРТИСТИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ОЛИМПИСКОТО СЕЛО ВО ТОКИО, ПЕТ ДЕНА ПРЕД ОЛИМПИЈАДАТА

    ДВАЈЦА СПОРТИСТИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ОЛИМПИСКОТО СЕЛО ВО ТОКИО, ПЕТ ДЕНА ПРЕД ОЛИМПИЈАДАТАДвајцата спортисти и еден службеник се од иста земја и спорт во Олимпиското село во Токио. (Фото: Гети)

    Двајца спортисти се првите со позитивен тест за коронавирус во Олимпиското селото во Токио, на пет дена пред почетокот на Олимпијадата. Организаторите велат дека обајцата се од ист тим и спорт како и службеникот кој вчера бил позитивен на тестот. Другите членови на тимот се изолирани во нивните соби.

    Портпаролот на Олимпијадата Токио 2020 Маса Такаја изјави дека трите случаи „се од иста земја и спорт“. Тие се „изолирани во своите простории и Токио 2020 им доставува оброци“, рече тој, додавајќи дека остатокот од тимот – кој не е идентификуван – исто така е тестиран.

    Двајцата се првите спортисти со позитивен тест во Олимпиското село, но на друго место уште еден спортист денеска исто така е позитивен на тестот. Вкупно, организаторите денеска пријавија 10 нови случаи, меѓу кои и медиуми, подизведувачи и друг персонал, кои им се додаваат на 15-те нови случаи од вчера.

    Стапката на зараза се зголемува кај населението во Токио, надминувајќи нови 1.000 случаи четири дена по ред. Анкетите покажуваат дека многу Јапонци се против одржувањето на Олимпијадата поради наплив на посетители во странство.

    Олимпијадата ќе се одржи од 23 јули до 8 август.

    „Спортистите кои доаѓаат во Јапонија веројатно се многу загрижени. Јас го разбирам тоа. Правиме сè за да спречиме какви било кластери на ковид-19. Ако сепак има епидемија, ќе имаме план за реагирање“, рече шефот на Олимпијадата Сеико Хашимото.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира