ФАНОВИТЕ НА ЏЕНОВА МОЛЧЕА 43 МИНУТИ НА МЕЧОТ СО ЕМПОЛИ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ НА УРНАТИОТ МОСТ

    ФАНОВИТЕ НА ЏЕНОВА МОЛЧЕА 43 МИНУТИ НА МЕЧОТ СО ЕМПОЛИ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ НА УРНАТИОТ МОСТФановите на Џенова повикаа на „43 минути заглушувачка тишина“ (Фото: Гети)

    Фановите на Џенова ги проследија првите 43 минути од вчерашниот првенствен натпревар со Емполи во тишина, во знак на почит кон жртвите на уривањето на мостот Моранди.

    Тоа беше првиот натпревар на клубот, откако на 14 август се урнаа 200 метри од мостот, при што загинаа 43 луѓе.

    Фановите повикаа на „43 минути заглушувачка тишина, по една за секои дете, работник, студент, мајка или татко, кои не се со нас денеска“. Капитенот на Џенова, Доменико Кришито, притоа излезе на терен со 11-годишно дете, чиј татко загина на мостот.

    Иако на моменти можеше да се чуе по некој извик од трибините кога играчите на Џенова напаѓаа, двата гола постигнати во првите 20 минути поминаа без прослава.

    Во 43. минута, силен аплауз се слушна од трибините кога на екранот почнаа да се вртат имињата на загинатите, а потоа, во остатокот од средбата, се продолжи со вообичаено навивање.

    Џенова и Сампдорија ги одложија своите први мечеви од Серија А поради трагедијата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари