ФЕДЕРЕР НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ ИГРА НА СЛЕДНИОТ ВИМБЛДОН, НО СОНУВА УШТЕ ЕДНО ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕ

    ФЕДЕРЕР НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ ИГРА НА СЛЕДНИОТ ВИМБЛДОН, НО СОНУВА УШТЕ ЕДНО ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕФедерер нема играно откако во јули изгуби во четвртфиналето на Вимблдон (Фото: АП)

    Роже Федерер вели дека веројатно нема да заздрави од последната операција на коленото на време за да игра на Вимблдон следната година. Иако веќе 40-годишен, осумкратниот освојувач на Вимблдон додава дека воопшто не брза со враќањето на тениските терени.

    „Не ми прави никаква разлика дали ќе се вратам во 2022 или 2023. На 40 или 41 година, тоа е исто. Вистината е дека би бил неверојатно изненаден ако играм на следниот Вимблдон“, вели Федерер.

    Тој посакува да игра уште едно гренд слем финале.

    „Верувам во тоа чудо. Чудата постојат во спортот. Мојот живот нема да се распадне ако тоа не се случи, но тоа е мојот ултимативен сон. Сакам за последен пат да видам за што сум способен како професионален тенисер“, кажа Федерер.

    Неговиот рекорд од 20 освоени гренд слем титули се чинеше недостижен, но во меѓувреме беше израмнет од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Тој нема играно од јули, кога беше поразен во четвртфиналето на Вимблдон, а неколку недели подоцна беше опериран по третпат за период од 18 месеци. Моментално е на 16. место на АТП-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира