ФЕДЕРЕР СЕ ВРАТИ СО ПОБЕДА ПО ШЕСТМЕСЕЧНАТА ПАУЗА

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Перт,(АП)

    ФЕДЕРЕР СЕ ВРАТИ СО ПОБЕДА ПО ШЕСТМЕСЕЧНАТА ПАУЗА

    Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се врати по шестмесечната пауза поради повреда на коленото и го победи Ден Еванс со 6:3, 6:4 за водство на Швајцарија од 1:0 над Британија во Хопман купот, турнир на мешани двојки во Перт, Австралија. 17-кратниот освојувач на гренд слемови, кој го пропушти Ролан Гарос минатата година, ставајќи крај на серијата од 65 последователни гренд слемови, немаше настап уште откако повторно го повреди оперираното лево колено на Вимблдон. Сепак, денеска тој не покажа знаци на зарѓаност и го победи Еванс за само 61 минута.

    „Сакам повторно да го доживеам овој меч. Малку сум тажен, бидејќи ми беше толку убаво. Бев преплавен  со чувства. Кога влегов на теренот, си реков: ‘Боже, ова е подобро отколку што мислев дека ќе биде’“, кажа Федерер по дуелот со Еванс.

    35-годишникот рече дека ваквото чувство му недостасувало додека беше надвор од тениските терени поради повредата.

    „Мислам дека како за прв меч беше добро, бидејќи моите очекувања, очигледно, беа многу ниски“, додаде поранешниот светски рекет број еден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира