ФИФА И УЕФА ГИ СУСПЕНДИРАA РУСКИТЕ КЛУБОВИ И РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

    ФИФА И УЕФА ГИ СУСПЕНДИРАA РУСКИТЕ КЛУБОВИ И РЕПРЕЗЕНТАЦИИРусија нема да игра во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар

    ФИФА и УЕФА ги суспендираа руските клубови и репрезентации од сите свои натпреварувања како резултат на воената инвазија на Украина. Двете федерации соопштија дека тие се суспендирани на неодредено време.

    „Фудбалот е целосно обединет и целосно солидарен со сите луѓе во Украина. Претседателите на двете федерации се надеваат дека ситуацијата во Украина значително и брзо ќе се подобри за да може фудбалот повторно да биде вектор на единството и мирот“, се вели во заедничкото соопштение на ФИФА и УЕФА.

    Ова следува откако Меѓународниот олимписки комитет препорача исклучување на руските и белоруските спортисти од сите меѓународни натпреварувања.

    Ова значи дека Русија нема да игра во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар, а Спартак Москва е исфрлена од Лига Европа. УЕФА исто така го раскина спонзорскиот договор со „Гаспром“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира