ФРАНЦУСКИОТ СКИЈАЧ ДАВИД ПУАСОН ПОЧИНА ПО ТЕЖОК ПАД НА ТРЕНИНГ

    ФРАНЦУСКИОТ СКИЈАЧ ДАВИД ПУАСОН ПОЧИНА ПО ТЕЖОК ПАД НА ТРЕНИНГДавид Пуасон го оствари најголемиот успех на Светското првенство во Шладминг во 2013 година, кога беше трет во спуст (Фото: Гети)

    Францускиот скијач и освојувач на бронзен медал на светско првенство, Давид Пуасон, почина откако претрпи тешки повреди на тренинг во Канада.

    Француската скијачка федерација ја потврди трагичната вест:

    Ја делиме болката со сите блиски на Давид Пуасон во овие исклучително тешки моменти“.

    Триесет и петгодишниот Пуасон почина во канадскиот зимски центар Накиска, во близина на Калгари, каде што се подготвуваше за претстојните трки од Светскиот куп во САД.

    Пуасон ја претставуваше Франција на две зимски олимпијади, при што беше седми во спуст во Ванкувер во 2010 година. Најголемиот успех го оствари на Светското првенство во Шладминг во 2013 година, кога го освои третото место во  оваа дисциплина. Тој беше ветеран на Светскиот куп со 11 извозени сезони.

    Ова не е прва ваква трагедија за француското скијање, откако светската шампионка Режин Кавањо загина на тренинг во 2001 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира