ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗАСТАНАА ДА РУЧААТ ВО ВЕЛЕС, ПА ЗАВРШИЈА НА ИНФЕКТИВНО

    ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗАСТАНАА ДА РУЧААТ ВО ВЕЛЕС, ПА ЗАВРШИЈА НА ИНФЕКТИВНООд управата на Пелистер кажаа дека ручале во ресторан во Велес, за половина час подоцна да се јават стомачни тегоби кај дел од фудбалерите. - Фудбалерите во болницата во Велес (Фото: Фејсбук)

    Поради здравствени проблеми, можно труење, 12 фудбалери на Пелистер од Битола се задржани на лекување во ЈЗУ Општа Болница Велес, на инфективното одделение, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Болницата д-р Димитар Стровјаноски.

    „Битолските фудбалери биле на пропатување за Скопје, ручеле во објект во Велес и по 20-тина минути започнале да повраќаат. Веднаш се прифтени во нашата болница, иако тие стравуваа за проблеми поради немање на здравствено осигурување, но ние сме должни да им дадеме здравствена помош. За овој настан известени се сите надлежни инспекции и институции, како и Центарот за јавно здравје кои подоцна ќе се изјаснат за причините“, рече д-р Стовјаноски.

    Од управата на Пелистер кажаа дека ручале во ресторан во Велес, за половина час подоцна да се јават стомачни тегоби кај дел од фудбалерите. Поради ова првенствениот натпревар против Шкупи, кој требаше да се игра попладнево во Скопје ФФМ го одложи. Дежурниот специјалист инфектолог д-р Славица Трајкова изјави дека се згрижени 12 лица, кои на одделението биле донесени околу 13.30 часот.

    „Кај сите лица има исти клинички симптоми, со повраќање во два до три наврати. Задржани се на нашето одделение, дадена е соодветна терапија и се на опсервација превентивно. Сите се во стабилна здравствена состојба“, кажа д-р Трајкова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира