ФУДБАЛСКОТО ДЕРБИ МЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР ВО БИТОЛА СЕ ОДИГРА ПОД РЕФЛЕКТОРИ СО ШТО ЗАПОЧНУВААТ НОЌНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

    ФУДБАЛСКОТО ДЕРБИ МЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР ВО БИТОЛА СЕ ОДИГРА ПОД РЕФЛЕКТОРИ СО ШТО ЗАПОЧНУВААТ НОЌНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“Ова е прв натпревар под рефлектори, со што и се отвора сезоната за ноќни спортски настани на стадионот под Тумбе-кафе во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Вечерното фудбалско дерби меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар се одигра под рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

    Ова е прв натпревар под рефлектори, со што и се отвора сезоната за ноќни спортски настани на стадионот под Тумбе-кафе во Битола. Проектот за рефлекторско осветлување на стадионот го спроведоа Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија.

    Дуелот се одигра в очи утрешниот празник – 80 години од ослободувањето на Битола. На стадионот, навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ приредија вистинско пиротехничко шоу, поради што на неколку минути беше прекинато дербито, а потоа продолжи.

    Пелистер победи со 1:0 со голот на Мирко Ивановски во 92. минута.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира