ЃОКОВИЌ ИСФРЛЕН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    ЃОКОВИЌ ИСФРЛЕН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНСѐ уште далеку од старата форма. - Новак Ѓоковиќ (Фото: Гети)

    Големиот камбек на Новак Ѓоковиќ на тениските терени заврши во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако загуби од сензацијата од Јужна Кореја, Хјеон Чунг, со 5:7, 6:7, 6:7.

    Дваесет и едногодишниот Чунг, кој се наоѓа на 58. место на АТП-листата, претходно ги елиминираше и браќата Миша и Александар Зверев и Данил Медведев.

    Најмладиот тенисер во оваа рунда целосно го надигра шесткратниот шампион од Мелбурн, за да го победи по три часа игра. Ѓоковиќ, кој немаше играно сериозни мечеви од ланскиот Вимблдон, направи девет двојни сервис-грешки и речиси 60 неизнудени грешки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира