ЃОКОВИЌ ИЗГУБИ САМО ТРИ ГЕМА ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, ШТО Е НАЈУБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ ОД 1993

    ЃОКОВИЌ ИЗГУБИ САМО ТРИ ГЕМА ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, ШТО Е НАЈУБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ ОД 1993Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на гренд слем турнирите по 58. пат, со што го израмни рекордот на Федерер (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија со безмилосната победа над 20. носител Адријан Манарино, при што изгуби само три гема. Ѓоковиќ, кој ја брка рекордната 25. гренд слем титула, славеше со 6:0, 6:0, 6:3 по само еден час и 44 минути игра.

    Првите два сета беа нешто најдобро што сум го одиграл во последно време“, кажа Ѓоковиќ, кој во следната рунда ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц.

    До вториот гем од третиот сет, Ѓоковиќ беше на патот да стане првиот тенисер во последните 31 година кој добил гренд слем меч без загубен гем, што пак никогаш не се случило на Отвореното првенство на Австралија. Кога Манарино го освои својот прв гем, публиката во арената „Род Лејвер“ бурно го поздрави.

    Навистина сакав да го изгубам тој гем зашто на стадионот почна да се создава тензија. Навистина сакав да се случи тоа за да можам да се фокусирам на привршувањето на мечот“, кажа Ѓоковиќ.

    Тој се пласираше во четвртфиналето на гренд слем турнирите по 58. пат, со што го израмни рекордот на Роже Федерер. Од нив, 14 се на Австралијан опен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира