ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, ДОБИЛ ДОЗВОЛА ЗА МЕДИЦИНСКО ИЗЗЕМАЊЕ ОД ВАКЦИНАЦИЈА

    ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, ДОБИЛ ДОЗВОЛА ЗА МЕДИЦИНСКО ИЗЗЕМАЊЕ ОД ВАКЦИНАЦИЈАЃоковиќ денеска објави дека патува за Австралија. (Фото: ПА)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралијан опен откако потврди дека добил дозвола од организаторите да настапи со медицинско изземање. Најдобриот светски тенисер одбива да каже дали е вакциниран против ковид-19, што е услов за настап на првиот гренд слем во сезоната и сега на Инстаграм кажа дека добил потврда за медицинско изземање.

    Директорот на тенискиот турнир во Мелбурн Крег Тили претходно кажа дека тенисерите мора да бидат целосно вакцинирани или да имаат медицинско изземање.

    „Среќна нова година на сите. Ви посакувам здравје, љубов и среќа во секој момент и да чувствувате љубов и почит за сите битија на оваа прекрасна планета. Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира