ЃОКОВИЌ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА 10. ТИТУЛА НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

    ЃОКОВИЌ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА 10. ТИТУЛА НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈАЃоковиќ нема пораз во Мелбурн од 2018 (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето десетто финале на Отвореното првенство на Австралија, што следува една година откако беше депортиран од земјата.

    Српскиот тенисер го победи Американецот Томи Пол со 7:5, 6:1, 6:2 и в недела ќе се бори за титулата против Гркот Стефанос Циципас. Покрај тоа што има шанса да ја освои десеттата титула во Мелбурн, Ѓоковиќ со тоа би го израмнил рекордот на Рафаел Надал од 22 гренд слем трофеи.

    „Поддршката од оваа публика ми значи сè. Благодарен сум што сè уште имам доволно гориво да играм тенис на ова ниво“, изјави Ѓоковиќ, кој се мачеше со повреди во текот на турнирот.

    Тој нема пораз во Мелбурн од 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира