ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА РОЛАН ГАРОС ОТКАКО ГЛЕДАЧИТЕ БЕА ИЗБРКАНИ ОД ТРИБИНИТЕ ПРЕД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА РОЛАН ГАРОС ОТКАКО ГЛЕДАЧИТЕ БЕА ИЗБРКАНИ ОД ТРИБИНИТЕ ПРЕД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСЃоковиќ на крајот на славеше победата пред празни трибини (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако судијата го прекина мечот зашто гледачите не сакаа да ги напуштат трибините пред почетокот на полицискиот час во Париз во 23 часот.

    Ѓоковиќ ги доби првите два сета и се чинеше дека ќе ја заврши работата во присуство на 5.000 навивачи на трибините, но мечот се одолжи откако Матео Беретини го освои тај-брејкот во третиот сет.

    Триесет минути пред почетокот на полицискиот час, службениот спикер ги замоли гледачите да го напуштат стадионот, на што тие возвратија со пеење и исвиркување. Откако ни по десет минути не сакаа да си заминат, судијата го прекина мечот за да можат да се испразнат трибините.

    Прекинот траеше 15 минути, по што Ѓоковиќ и Беретини го довршија мечот во тишина. Ѓоковиќ го доби четвртиот сет со 7:5 и закажа нов дуел со Рафаел Надал.

    Ова беше првиот меч во ноќен термин што се играше пред гледачи, откако Франција ги олесни рестрикциите вчера, со што беше дозволено да има и повеќе гледачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира