ЃОКОВИЌ СЕ РАЗДЕЛИ ОД ТРЕНЕРОТ БЕКЕР ПО ТРИ ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Лондон,(Би-Би-Си)

    ЃОКОВИЌ СЕ РАЗДЕЛИ ОД ТРЕНЕРОТ БЕКЕР ПО ТРИ ГОДИНИ

    Новак Ѓоковиќ се раздели од тренерот Борис Бекер со кого соработуваше три години. Српскиот тенисер работеше со поранешниот победник на Вимблдон од крајот на 2013 година и оттогаш освои шест гренд слема, а кога триумфираше на Роланд Гарос во јуни, ги имаше во сопственост сите четири гренд слема истовремено.

    „По три многу успешни години, Борис Бекер и јас заеднички решивме да ја завршиме соработката. Целите кои ги поставивме тогаш се во потполност исполнети. Му се заблагодарувам на соработката, тимскиот дух и посветеноста. Од друга страна, моите професионални планови сега се насочени кон одржување на добро ниво на игра, правење добар распоред и поставување нови цели и во тој смисол ќе ги носам сите наредни планови“,  соопшти Ѓоковиќ на својот профил на Фејсбук.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира