ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН, РЕКОРДНО 35. НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ

    ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН, РЕКОРДНО 35. НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕЃокович в недела ќе се бори за својата осма титула на Вимблдон (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ петта година по ред ќе игра во финалето на Вимблдон откако со доминантна партија го совлада осмиот носител Јаник Синер со 6:3, 6:4, 7:6. Противник ќе му биде подобриот од второто полуфинале, во кое се среќаваат Данил Медведев и Карлос Алкарас.

    Тоа е неговото 35. финале на гренд слем турнирите, со што стана нов апсолутен рекордер во тенисот, надминувајќи ја Крис Еверт.

    Исто така, Србинот в недела ќе се бори за својата осма титула на Вимблдон, со што би се израмнил со рекордерот Роже Федерер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира