ЃОКОВИЌ ВО СВОЕТО 9. ФИНАЛЕ ЈА ОСВОИ 9. ТИТУЛА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    ЃОКОВИЌ ВО СВОЕТО 9. ФИНАЛЕ ЈА ОСВОИ 9. ТИТУЛА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНЃоковиќ сега има само две гренд слем титули помалку од Федерер и Надал (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ ја освои деветтата титула на Отвореното првенство на Австралија, доближувајќи се до рекордерите Роже Федерер и Рафаел Надал на само две гренд слем титули. Во денешното рутинско финале, тој со 7:5, 6:2, 6:2 го совлада Русинот Данил Медведев, за кого ова беше втор пораз во гренд слем финале, по Ју-Ес опен во 2019.

    Ѓоковиќ сега има 18 освоени гренд слем титули, од кои половина се во Мелбурн, каде што нема пораз во досега играните девет финалиња.

    „Во изминатиот месец, ние, тенисерите се соочивме со многу предизвици околу доаѓањето во Мелбурн. Не беше лесно, па затоа им благодарам на организаторите што овозможија турнирот да се случи. Секој ден, сѐ повеќе и повеќе го сакам овој турнир. Ова е љубовна врска што трае“, изјави Ѓоковиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира