ГОЛЕМ КАМБЕК ВО КАРИЕРАТА НА ДИМИТРОВ, ГО ИСФРЛИ ФЕДЕРЕР И ВЛЕЗЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ГОЛЕМ КАМБЕК ВО КАРИЕРАТА НА ДИМИТРОВ, ГО ИСФРЛИ ФЕДЕРЕР И ВЛЕЗЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЈУ-ЕС ОПЕНГригор Димитров дојде во Њујорк како 78. играч на светската ранг-листа (Фото: Гети)

    Григор Димитров го елиминираше петкратниот шампион Роже Федерер во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, откако во трилер-меч го совлада со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2.

    Ова е голем камбек во кариерата на бугарскиот тенисер, кој своевремено го следеше прекарот Бејби Фед, но по слаби две сезони, во Њујорк дојде како 78. играч на светската ранг-листа. Ова, исто така, е негова прва победа во осумте дуели со Федерер, кој побара лекарски третман за грбот во финишот на мечот.

    „Цело време чувствував болка, но бев способен за игра. Разочаран сум, зашто мислам дека играв добро. Пропуштив голема шанса“, изјави Федерер, кој и лани испадна од играч кој не е меѓу првите 50.

    Ова го остава Рафаел Надал како голем фаворит за 19. гренд слем титула, но прво денеска треба да го помине Аргентинецот Шварцман во четвртфиналето. Димитров, пак, во полуфиналето се среќава со петтиот носител Данил Медведев, што значи дека во финалето ќе има барем еден играч кој никогаш не освоил гренд слем титула.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира