ЃОРЧЕСКА ИЗГУБИ ОД АНИСИМОВА ВО ПРВОТО КОЛО НА ВИМБЛДОН

    ЃОРЧЕСКА ИЗГУБИ ОД АНИСИМОВА ВО ПРВОТО КОЛО НА ВИМБЛДОНЃорческа освои пет гема во дуелот со ланската финалистка

    Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон во првото коло. Најдобрата македонска тенисерка беше поразена од Аманда Анисимова со 6:3, 6:2 по точно еден час игра.

    Американката беше голема фаворитка на овој меч како шеста носителка и ланска финалистка на Вимблдон.

    Ова беше првиот настап на македонска тенисерка на еден гренд слем турнир. Триесет и едногодишната Ѓорческа се избори за тоа со три победи во квалификациите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира