Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра против Американката Аманда Анисимова во првото коло на Вимблдон. Ова е исклучително тешка ждрепка за Ѓорческа, имајќи предвид дека Анисимова минатата година изгуби во финалето на овој турнир од Ига Швјонтек.
Дваесет и четиригодишната Анисимова ќе настапи на Вимблдон како шеста носителка. Таа лани стигна и до финалето на Отвореното првенство на САД, но изгуби од Арина Сабаленка.
Ѓорческа испиша историја кога вчера ја победи Лучија Бронцети во последното квалификациско коло, со што стана првата македонска тенисерка која се пласирала на еден гренд слем турнир. Вимблдон почнува на 29 јуни, а точната саатница на мечот Анисимова-Ѓорческа засега не е позната.



