ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ НАГРАДИ РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР СО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА, ДОЧЕКОТ НА ПЛОШТАД ЌЕ ЧИНИ 32 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ НАГРАДИ РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР СО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА, ДОЧЕКОТ НА ПЛОШТАД ЌЕ ЧИНИ 32 ИЛЈАДИ ЕВРАРакометарите на Вардар слават на подиумот по освојувањето на европската титула во Келн. (Фото: ЕПА)

    Град Скопје ќе ги награди ракометарите на Вардар со 6 милиони денари за освоената титула во Лигата на шампиони, а дочекот на Плоштад Македонија, организиран во нивна чест ќе чини 2 милиони денари. На денешната седница на Советот на Град Скопје беше додадена дополнителна точка на дневниот ред за одвојување средства од Буџетот на Град Скопје за пречекот на Вардар.

    Ракометарите на Вардар се очекува да слетаат на Скопскиот аеродром во 18.50 часот, откако Град Скопје обезбеди чартер лет, за која од градската каса ќе бидат одвоени 39.500 евра.

    За дочекот на ракометарите ќе бидат ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до плоштад.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари