И ЌЕРКА МУ НА КОБИ БРАЈАНТ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА

    И ЌЕРКА МУ НА КОБИ БРАЈАНТ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌАКоби Брајант и ќерка му Џана на кошаркарски натпревар. (архивска фотографија)

    Кошаркарската легенда Коби Брајант денеска загина во хеликоптерска несреќа близу Лос Анџелес, а меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка Џана Марија Оноре, потврдија претставници на Брајант за порталот „ТМЗ“, кој прв објави за несреќата.

    Брајант и ќерка му биле на пат за „Мамба Академија“ на кошаркарски тренинг кога се случила несреќата. Загинати се уште три лица во неговиот приватен хеликоптер. Со сопругата Ванеса, Брајант има уште три ќерки – Наталија, Бјанка и Капри.

    Според очевидци, моторот на хеликоптерот почнал да откажува пред падот. Истрагата за причината за несреќата е во тек.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира