ИКОНАТА НА БАРСЕЛОНА ЧАВИ ЕРНАНДЕС ОДИ ВО ПЕНЗИЈА

    ИКОНАТА НА БАРСЕЛОНА ЧАВИ ЕРНАНДЕС ОДИ ВО ПЕНЗИЈАНе постои фудбалски трофеј што не го освоил. - Чави Ернандес (Фото: Гети)

    По Андреа Пирло, уште еден фудбалски мајстор објави дека се повлекува од зелените терени.

    Иконата на Барселона и на шпанската репрезентација Чави Ернандес изјави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната, за да почне тренерска кариера.

    „Имав среќа кариерата да ми помине без повреди, но сега мислам дека е време за крај. Катар ми овозможи да одиграм неколку помирни сезони, но веќе се чувствувам уморно и побавно заздравувам. Ова сигурно е мојата последна година како фудбалер. Сакам да добијам тренерска лиценца и да почнам со новата работа“, изјави 37-годишниот Ернандес, кој ја напушти Барселона пред две години и се пресели во Ал Сад.

    Тој одигра 17 сезони во дресот на Барселона и со Андрес Иниеста го сочинуваа еден од најкреативните тандеми во историјата на фудбалот. Со Каталонците освои сѐ што можеше да се освои, вклучувајќи четири титули во Лигата на шампионите, а беше дел и од најуспешната генерација на репрезентацијата на Шпанија, која беше двократен европски и еднаш светски првак.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира